Екипата на АП Брера Струмица го забележа третиот триумф во третиот свој настап сезонава во Првата македонска фудбалска лига. Струмичани попладнево го совладаа актуелниот македонски шампион Струга ТЛ на гостински терен со 2:1.
Ване Крстевски и Марио Врдољак ги постигнаа головите за Брера, а Бесарт Ибраими во 53. минута се запиша во листата на стрелците кај домаќините за во тој момент изедначување на 1:1.
За Струга ТЛ ова е прв пораз по две кола во новото првенство.
Резултати на вчерашните натпревари од 3.коло во ПМФЛ:
Брегалница – Гостивар 2:1
Работнички – Македонија ЃП 1:0
Шкупи – Силекс – 1:1
Тиквеш – Шкендија 1:2
Воска – Вардар 3:2.
Табела: Брера Струмица 9 бода, Тиквеш, Шкендија, Работнички и Брегалница по 6 бода, Силекс и Шкупи по 4, Струга Македонија ЃП и Воска по 3, Вардар и Гостивар 0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.