Братот на Синиша Михајловиќ со емотивно писмо се заблагодари на поддршката што ја добивале. Дражен вели дека сите покажале колку го сакале Синиша и оти тоа многу им значи како семејство.
Еден збор никогаш не може да ја опише тагата, реченицата никогаш не може да ја изрази вистинската болка. Кој чувствува ваква загуба знае што е болка и тага. Болката е најлоша, тагата е најголема. Ја загубивме нашата светлина, столбот на нашата куќа и нашите животи, нашиот брат, син, сопруг, татко и дедо. Свесни сме дека Синиша не беше само наш и дека и српскиот и италијанскиот народ го сметаа за свој и затоа чувствуваме дека не сме сами во оваа болка. Фудбалскиот свет што го видовме, луѓето и поддршката, секако кажуваат колку беше голем. И за фудбалот и за луѓето. И за Србија и за Италија. И како играч и како тренер.
Во име на семејството Михајловиќ сакам да им се заблагодарам и да изразам длабока почит до сите што ни испратија зборови на охрабрување и сочувство, до сите српски, италијански и европски медиуми, сите од светот на фудбалот, соиграчите на Синиша, колегите, соработниците , пријателите, познаниците, секој што го сакаше и почитуваше и во чии мисли беше во неговата долга и макотрпна борба. Никогаш нема да ја заборавиме вашата поддршка.
– За момент двете цркви се обединија, за тоа изразуваме посебна и неизмерна благодарност до патријархот Порфири, кој му даде дозвола на владиката Андреј Чилерџиќ да го одржи погребот. Патријархот лично дал дозвола да се направи православен крст за да биде доставен во Рим.
–
– Благодарност до управата на Црвена звезда предводена од Ѕвездан Терзиќ и Светозар Мијаиловиќ, кои уште еднаш ни покажаа колку нашиот Синиша е неотуѓив дел од црвено-белото семејство.
– Сите бои и тимови беа обединети во нашата болка. Во оваа игра наречена борба за живот, сите навиваа како еден. Благодарност до навивачите на Црвена звезда, како и на Партизан кои му оддадоа почит. Ништо помалку на навивачите на Лацио, Болоња, Интер, Рома, Сампдорија, Милан, Фиорентина, Торино…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.