Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, изјави денеска дека Бернардо Силва одлучил да остане во редовите на актуелниот англиски фудбалски првак, јавија британските медиуми.

Силва, наводно, имал понуда од Барселона, но, по разговорите со Гвардиола донел одлука и оваа сезона да го носите дресот на Сити.

– Силва останува во Манчестер сити. Тој е незаменлив, бидејќи може да игра на три, четири или пет позиции, истакна Гвардиола.

Бернардо Силва дојде во Сити од Монако во 207 година и за премиерлигашот одигра 256 натпревари на кои постигна 50 голови



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.