Бекам и Меси излегле на вечера со жените, настанал хаос

Фудбал 15.08.2023 / 21:55

Лионел Меси и неговата сопруга уживаат во Мајами и често излегуваат во ноќни клубови од неговиот трансфер во Интер од Мајами, а придружувани се често од Дејвид Бекам, сопственикот на овој МЛС клуб, како и неговата сопруга Викторија Бекам.

Очекувано, Меси  и елитното друштво кое се собира околу него секогаш привлекуваат дополнително внимание од љубопитните, па затоа имаат голема сигурност.

Според „Дејли Мејл“, тоа наводно довело до крвава тепачка во клубот „Геко“ во Мајами, токму вечерта кога Меси и Антонела излегле со Бекамови.

Обезбедувањето жестоко реагирало на гостин кој се обидел да се фотографира во ресторан во сопственост на Порториканецот сопственик на Бед Бани.

Еден човек беше обвинет дека се обидел да ги фотографира Лионел Меси и неговата сопруга, а обезбедувањето веднаш скокнало врз него.

– Скокнаа врз нас, ме исфрлија и ме удираа по лицето. Само зошто мојот пријател се обиде да се слика со сопругата, а не со Бекам или Меси, тоа беше семејна работа – објасни претепаниот маж.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

Најнови вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişJOJOBETjojobet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom canlı casino