Maкедонскиот репрезентативец Енис Барди, кој игра во редовите на турски Трабзонспор, вчера физички се пресмета со фудбалерот Валентин Розие од Бешикташ.

Барди влезе на теренот во второто полувреме од дербито, и брзо заврши во дуел со гостинскиот фудбалер кај аут-линијата. Причината за ваквото однесување на Барди беше неспортска реакција на Розие.


По овој старт Барди го грабна за врат Розие, но и играчите и судијата реагираа брзо и ја смирија тензијата, но жолт картон заработија и двајцата фудбалери.

Мечот заврши нерешено со 2:2.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.