Фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски има можност да ја продолжи кариерата во Атлетико Мадрид.
Според угледнот шпански дневен спортски весник „Марка“, трансферот би можел да се реализира доколку Баерн го ангажира играчот од средниот ред на мадриѓаните, Жоао Феликс.
Претходно беше објавено дека португалскиот фудбалер сака да го напушти Атлетико Мадрид, а на такво нешто не се противи ниту тренерот Диего Симеоне.
Дваесет и двегодишниот Феликс оваа сезона во Ла Лига постигна три гола на 18 натпревари. На сметка на 33-годишниот Левандовски се 28 гола на 24 натпревари во Бундеслигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.