Фудбалерите на Баерн Минхен се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите откако на домашен терен го совладаа Арсенал.

По 2:2 во Лондон, германскиот тим се претстави многу подобро во реваншот и благодарение на голот на Џошуа Кимих обезбеди пласман во финалето на натпреварувањето, каде во следната рунда ќе се соочи со победникот од мечот Манчестер Сити – Реал Мадрид.

Тимот на Микел Артета со високи аспирации пристигна во Минхен. По мечот на „Емирати“ се чинеше дека има доволно сили да им го „зеде скалпот“ на сопнатите „баварци“ пред нивните навивачи. Но, тоа не беше случај вечерва.

Англискиот тим одигра под своето ниво. Иако поседот беше релативно изедначен, „топчиите“ генерално имаа нешто поголема иницијатива во првото полувреме и неколку солидни полушанси. Но, сето тоа не беше доволно за да се совлада цврстиот Нојер на голот.

Од друга страна, Баерн беше поопасен во поголемиот дел од натпреварот. Особено во вториот дел по колосалната шанса на Горецка. Иако Германецот не ја погоди мрежата во 47. минута, сепак неговиот обид им даде ветар во грб на Баварците, кои до крајот на натпреварот го контролираа резултатот. И на крајот стигнаа до заслужена победа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.