Фудбалерите на Австралија синоќа на неутрален терен забележаа победа над Перу со 5:4 по изведување на пенали и изборија пласман на Мундијалот во Катар.

Основните 90 и дополнителните 30 минути завршија без постигнат гол па се пријде кон изведување пенали. Резервниот голман на Австралија Ендрју Редмејн кој доби шанса да брани во пенал-серијата, се однесуваше на оригинален начин при изведувањето на пенали, постојано движејќи се по гол линијата. Тој успеа да го одбрани шестиот пенал на Перуанците и да му донесе победа на својот тим.

Австралија ќе учествува во финалето на Светското првенство во групата Д заедно со Данска, Франција и Тунис.

Светското првенство во Катар ќе се игра од 21 ноември до 18 декември



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.