Напаѓачот на Рома, Пауло Дибала, во текот на летниот преоден рок може да стане играч на еден од најдобрите клубови во шпанското првенство, Атлетико Мадрид, пренесува денеска Тодофихајес. Според истиот извор, Атлетико Мадрид е заинтересиран за потписот на 30-годишниот Аргентинец и е подготвен да плати 12 милиони евра, посочени како обесштетување во договорот за фудбалерот.

Дибала го носи дресот на Рома од летото 2022 година. Вкупно одигра 75 натпревари за римскиот клуб во сите конкуренции, постигнувајќи 34 голови.
Неговиот договор е до крајот на сезоната 2024/25.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.