Премиерлигашот Арсенал е подготвен ова лето да му понуди на својот тренер Микел Артета нов договор за поголема плата, која на годишно ниво би изнесувала 8.3 милиони фунти, јавија денеска британските медиуми.

Артета има важечки договор уште 16 месеци, но лондонскиот клуб сака 39-годишниот шпански стратег да биде долгорочно решение на клупата на Арсенал.

Според медиумите, Арсенал ќе му понуди на Артета тригодишен договор вреден 25 милини фунти.

Артета сега има годишна плата од пет милиони фунти, што е неспоредливо со заработката на тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, која заработува 20 милиони фунти, додека тренерот на Тотенхем, Антонио Конте, на годишно ниво заработува 15 милиони фунти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.