Арсенал стана првиот тим во историјата на англискиот фудбал кој победил на 10 лондонски дерби во една сезона.

„Топчиите“ синоќа го победија Челзи (3:1) во 34. коло од Премиер лигата. Вкупно во тековниот шампионат немаат ниту еден пораз од клубовите од главниот град.

Во тековниот шампионат Арсенал по два пати ги победи Фулам (2:1, 3:1), Тотенхем (3:1, 2:0), Кристал Палас (4:1, 2:0) и Челзи (3:1, 1:0). Со победа и нерешено ги заврши средбите со  Брентфорд (1:1, 3:0) и Вест Хем (3:1, 2:2).

Арсенал во моментов е прв на табелата во Премиер лигата со 78 бодови. Манчестер сити има 76 бода, но и два натпревара помалку



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.