Полуфиналните пресметки на Европското фудбалско првенство ќе бидат комплетирани денеска по одигрувањето на двете преостанати четвртфинални натпревари меѓу Англија – Швајцарија и Холандија – Турција.

Саботната четвртфиналната програма стартува во 18 часот со дуелот меѓу Англија и Швајцарија во Дизелдорф. На полувреме овие две репрезентации покажаа очаен фудбал

Англискиот селектор Герет Саутгејт на дуелот против Швајцарија по јубилеен 100. пат ќе ја предводи Англија од клупата.

Последниот полуфиналист на ЕВРО2024 ќе го даде победникот од вечерашниот дуел со почеток во 21 часот меѓу Холандија и Турција во Берлин.

Пласман меѓу четирите најдобри селекции вчера обезбедија Шпанија и Франција, кои ја сочинуваат првата полуфинална пресметка



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.