Тренерот на Реал, Карло Анчелоти жали што неговиот тим не успеа да слави победа над Манчестер сити синоќа во полуфиналето на Лигата на шампионите.

 

Натпреварот во Мадрид заврши нерешено 1:1.

 

– Се боревме, игравме добро, а резултатот не е награда за нашата игра, но во оваа пресметка борбата ќе трае до последната минута. Првите 30 минути Сити доминираше, но ние не бевме загрижени. Бевме добро позиционирани во дефанзива и го чекавме вистинскиот момент за противнапад. Во второто полувреме подобро можевме да започнеме со напади од сопствениот гол. Овој натпревар можеше да се добие. Судијата не беше многу внимателен, не виде дека топката излезе надвор од теренот во акцијата при нивниот гол. Ми даде жолт картон кога реагирав. На возвратната средба нашите навивачи нема да бидат на трибините, но тие ќе бидат во нашите срца, изјави Анчелоти.

Реваншот ќе се игра на 17 мај во Манчестер



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.