Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, призна дека „Кралевите“ ќе бидат последен клуб во неговата тренерска кариера, објави „Amazon Prime Video“.

– Веројатно ќе се пензионирам по Реал Мадрид, но ако тимот сака да останам овде 10 години, ќе останам тука уште толку. Дали некоја репрезентација во иднина може да биде опција, поточно Канада? Зошто да не? Би сакал, изјави Анчелоти.

Шеесет и двегодишниот италијански фудбалски стручњак го презеде Реал Мадрид во летото 2021 година и со тимот го освои шампионатот на Шпанија. Тој стана првиот тренер во историјата кој го освоил секое од најдобрите пет национални првенства во Европа.

Договорот на тренерот со Реал Мадрид е со важност до летото 2024 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.