Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор може да го напушти клубот доколку биде ангажиран напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, пренесува „ОК Диарио“.

Од друга страна, „FootMercato“ веќе објави дека Реал Мадрид постигнал целосен договор за трансфер на Мбапе.

„Доколку дојде Мбапе, тогаш некој дефинитивно ќе мора да го напушти Реал, бидејќи клубот треба да заработи пари. Зборуваме за Винисиус бидејќи тој е играч за кој можеш да добиеш многу пари, изјави новинарот Едуардо Инда.

Оваа сезона 25-годишниот Мбапе одигра 24 натпревари за ПСЖ, на кои постигна 25 гола и три асистенции. Неговиот договор со францускиот тим истекува во летото 2024 година.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 180 милиони евра.

Дваесет и тригодишниот Винисиус оваа сезона одигра 14 натпревари за Реал во сите натпреварувања, постигнувајќи шест гола и четири асистенции. Договорот на бразилскиот играч со Реал истекува на крајот на јуни 2027 година. Вредноста на играчот на  фудбалскиот пазар се проценува на 150 милиони евра



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.