Во Дом на млади во Штип, утре со почеток во 10:00 часот ќе се одржи целодневен настан посветен на нашиот Тоше Проески кој ќе кулминира со трибјут концерт во негова чест на кој ќе учествуваат преку 15 видни имиња од македонската музичка сцена.

Програма:
10:00 – 16:00 – крводарителска акција “Биди хуман како Тоше”
19:30 – ЕКСКЛУЗИВНА ПРЕМИЕРА на најновиот документарен филм за Тоше во српска продукција
20:30 – настап на дечињата од “Весело Штурче” кои ќе настапат со повеќе рефрени од Тоше
21:00 Увод на главниот концерт со настап на специјални гости кои ќе настапат со инструментален перформанс
21:30 ГЛАВЕН КОНЦЕРТ со повеќе од 15 музички ѕвезди

 

Настапуваат:
Димитар Андоновски, Александар Тарабунов, Александра Јанева, Симона Поповска, Лара, Зоран Илиев, Бени Шакири, Марија Данева, Ламбе Алабаковски, Мите Стоилков, Јоце Панов, Мартинијан Кириловски, Андријана Јаневска, Мариано Коста, Коки Јанков…

Водител на настанот: Миро Кацаров



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.