По серијата успешни концерти со Филхармонијата на Зрењанин и проектот „Simply The Best Rock Symphony“, Јулијана Винцан и нејзиниот бенд „Golden Tina – Tribute To Tina Turner“ пристигнуваат во Скопје на фестивалот „Скопјард“ на 12 јуни. Настапот започнува во 22 часот.
Шестчлената група „Golden Tina – Tribute To Tina Turner“ („Златна Тина – трибјут за Тина Тарнер“) ја сочинуваат образовани и многу искусни уметници, а самиот настап е збогатен со автентична кореографија и костими, со што целосно ја доловуваат атмосферата и духот на концертите на кралицата на рок музиката, кои имаа огромен број посетители. Во 1988 година, легендарната пејачка влезе во Гинисовата книга на рекорди кога настапи пред 180.000 луѓе на стадионот Маракана во Рио де Жанеиро, што во тоа време беше рекордна посетеност за соло изведувач на концерт со билети.
Тина Тарнер, нејзината појава, енергија и изведба, ни ги донесува Јулијана Винцан. Таа е вклучена во неколку проекти како вокален солист, но и како придружен вокал, пред се` во женскиот ансамбл „Playade“ и во проектот „Simply The Best Rock Symphony “. Со Филхармонијата на Зрењанин испеа и бројни концерти на „ABBA Symphonic“ низ Европа. Таа учествуваше на српскиот Евросонг 2022 година со песната „Вистина и лаги“.
„Ја осмисливме програмата на концертот инспирирани од концертите на Тина и од секој го извлековме најдоброто, така што нејзините обожаватели, но и оние кои можеби не се толку запознаени со нејзината музика, ќе можат одлично да се забавуваат и да доживеат вистински рок концерт. Акцентот секако е на самиот вокал, се потрудив целосно да го научам нејзиниот начин на пеење, но и движењата, кореографијата, а има и бројни фустани, наметки, перики и се` што ја одбележа нејзината кариера“, изјави вокалната солистка на групата.
На настапот на бендот Голден Тина, посетителите ќе можат да ги слушнат некои од најголемите хитови на Тина, како „Simply the best“, „What’s love got to do with it“, „Private dancer“, „We don’t need another hero“, како и некои од најпопуларните дуети и нејзините рок обработки на познати песни.
Фестивалот „Скопјард“ се одржува од 12. до 16. јуни во Скопје, програмата започнува секој ден во 19 часот. Пред концертот на бендот Голден Тина на првиот фестивалски ден ќе настапи диџеј Константин Влахо, а потоа групата Саут Парк.
Дојдете заедно да пееме и танцуваме на светски познатите поп и рок хитови!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.