Во Њујорк синоќа се одржа „Мет гала“, најголемата гламурозна и модна забава од хуманитарен карактер што со години се одржува првиот понеделник во мај.
Годинашната тема на најпрестижниот моден настан во светот беше The Gilded Glamour или во слободен превод „Позлатен гламур“.
Како и претходните, така и оваа година црвениот тепих на Метрополитен музејот на уметност во Њујорк беше преплавен со прекрасни фустани кои тешко можат дa се видат на друго место.
Темата „Позлатен гламур“ најмногу се однесува на периодот во американската историја наречен Позлатено доба. Ова е периодот помеѓу 1870 и 1890 година, кога економијата растеше најбрзо во историјата на САД.
Меѓу гостите имаше многу познати личности и ѕвезди од шоу-бизнисот.
Годинава на настанот преовладуваа винтиџ фустани, а најмногу внимание привлече оној во кој се појави Ким Кардашијан. Станува збор за фустан кој Мерлин Монро го носела во 1962 година кога му пеела серенада на Џон Кенеди на неговиот роденден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.