ПИН е единствената музичка конференција во Македонија, која има за цел да едуцира, вмрежи и стави по некој камен во патот со име македонски музички извозен продукт.

Секоја последна недела во ноември, ПИН го прави Скопје епицентар на европската музичка индустрија, собирајќи ги на едно место музичките работници, умовите позади најголемите фестивали, продуцентски куќи, маркетинг агенции, менаџери и најперспективните бендови.

Од панк преку музика на светот до евровизија, се’ што е со потенцијал да стане успешен музички продукт.

Сакаме да ја видиме вашата имагинација како визуелно раскажана приказна. Но, не бараме само дизајн на постер, предлог-решенијата треба да се претстават како примери аплицирани на мокап-модели за:

  • Основен постер за настан (вертикална, хоризонтална ориентација), со 100 изведувачи и информации на него;
  • FB и Instagram слика;
  • Лајвстрим видеонастан (телоп/воден жиг);
  • Дизајн на производ (маица, дукс, чорапи, торба, шал, гаќи, престилки.. ).
  • Рамка за објавување на артисти и говорници
  • Развивање во промо видео или можеби сликовница
  • Разно (коригирано или ново лого, промо идеи, мерч итн…)

Избраните решенијата треба да бидат доставени:

  • Во колор (CMYK, RGB и/или Pantone палети);
  • Во црно-бела верзија (позитив и негатив варијанта);
  • Во векторски формат (AI, EPS, PDF);
  • Во растер формат (PSD, TIFF, JPG) со мин. 300dpi;
  • Во растер web формат (PNG) со мин. 72 dpi;

Награда

  • Покрај тоа што победничкиот дизајн ќе биде лицето на ПИН конференција, наградата за дизајнот ќе биде во вредност од 30.000 денари.
  • Награда која следува до сите апликанти е заедничка изложба на постерите за време на 11-то издание на ПИН, а со самото аплицирање авторот дава и дозвола за користење во тие цели

Следниот чекор е сите податоци да ги вметнете на овој линк:  https://forms.gle/BLwZTsXdQ2JQLjwq5

Краен рок за пријави е 1 март 2024.

За повеќе информации и прашања, пишете ни на pr@password.mk



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.