Биг Бендот на Здружение на џез музичари и слободни уметници (ЗЏМ) во салата на Националата опера и балет вечер од 20 часот ќе одржи концерт насловен „ЗЏМ свири Леб и сол“.

Како што информираат од ЗЏМ, на целовечерниот концерт ќе бидат изведени дел од композициите на легендарните „Леб и сол“, со аранжмани адаптирани за биг бенд изведба, под диригентската палка на Џијан Емин.

Според нив, „Леб и сол“ е бенд чија работа претставува фундаментален и незаменлив дел од македонската музичка историја кој придонел за развивање на уникатниот звук и негувањето на вистинските музички вредности.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.