Во кафе-книжарницата Буква, во среда на 7 февруари 2024 година, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи видео промоција на музичкото видео „Вредеше“ и мини концерт на Emilija L. Ducks.

Покрај промоцијата на видео записот, Emilija L. Ducks, ќе одржи триесет минутен мултидисциплинарен концерт на кој ќе ја презентира својата досега необјавена музика, и поезија.

 

Вложив многу грижа во “Вредеше” и се чувствувам многу среќно со резултатот. Зборува за љубов, патријархат, и условеноста од околината да ги повторуваме работите на кои сме навикнати, вели Emilija L. Ducks.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.