На 28 февруари во 19:00 часот, најпознатите музички теми од најпопуларните цртани и филмови, ќе бидат на репертоарот на големиот концерт на Битолскиот дувачки оркестар и оркестарот на Државното музичко училиште од Битола  .

На концертот кој ќе се одржи во Центарот за култура Битола, ќе се изведуваат најпознатите музички теми од Кралот Лав, Frozen, Пинк Пантер, Пиратите од Карибите, Аладин и уште многу други, придружени со видео проекција.

Возобновен во 2015 год, оркестарот веќе седум години, ја слави традицијата на овој вип на музицирање во Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.