Популарниот украински бенд, Антитила, се понуди да настапува од Киев во добротворниот концерт на Ед Ширан за Украина.
Не се плашиме да играме под бомбите, а преку музика сакаме да му покажеме на светот дека Украина е силна и неосвоена, пишува во објавата.
Групата „Сноу патрол“, Ед Ширан, Камила Кабело, Емели Санде и Грегори Портер се првите уметници најавени за Концертот за Украина, двочасовен настан за собирање пари и средства за добротворни цели во Украина, закажан на 29 март.
Сите приходи од гледачите, како и спонзорствата и рекламирањето ќе одат во донации. Преносот ќе ги комбинира музичките изведби со куси видеоснимки за војната во Украина. Гледачите ќе можат да даруваат пари во текот на целата вечер.
🗓 Save the date, 29th March. The popular #Ukrainian band, Antytila, has offered to perform remotely from #Kyiv at @Edsheeran‘s ‘Concert for #Ukraine‘.
“We are not afraid to play under the bombs, and through music, we want to show the 🌍 that Ukraine is strong and unconquered.” pic.twitter.com/4tzPweHate
— Benjamin Lim (@ohitsbenji) March 24, 2022
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.