Пејачката со албанско потекло Дуа Липа на својот Инстаграм профил се огласи за да каже дека е згрозена од развојот на настаните и дека во тек е истрага во врска со инцидентот што се случи на нејзиниот концерт во Торонто.

Имено, Липа го привршувала настапот кога нешто пред полноќ внатре во концертната сала бил поставен огномет.

– Синоќа неовластен огномет беше испукан во толпата за време на мојот концерт во Торонто, напишала таа на приказната на својот Инстаграм профил.

– Создавањето безбеден и инклузивен простор на моите настапи е секогаш мој прв приоритет, а јас и мојот тим сме шокирани и збунети од настаните како и сите вие. Истрагата за настаните е во тек и сите инволвирани работат напорно за да дознаат како се случил инцидентот, додаде Липа.

„Тоа за моите обожаватели беше толку неверојатно искуство и многу ми е жал за секој кој беше исплашен, се чувствувал несигурен или чие уживање во шоуто беше загрозено на кој било начин“, напишала таа, завршувајќи ја објавата со „Љубов, Дуа“.

Синди Чунг, службеник за односи со медиумите во Полициската служба во Торонто, изјавил за People дека тројца учесници на концертот биле третирани поради „многу полесни повреди“.

Еден од присутните на концертот, исто така, зборувал за медиумите и истакнал дека многу други присутни веројатно не знаеле дека импровизираниот огномет бил непланиран.

– Беше на крајот, за време на нејзината последна песна, а конфетите веќе беа фрлени, па мислевме дека е дел од финалето, рече тој.

– Никому не му пречеше освен на луѓето кои беа до бината, но беше навистина страшно, додаде тој.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.