Вечерва на програмата на Тв „Алфа“ и музичката телевизија „Балкан Мјузик“ со почеток во 20:30 часот ќе се емитува најновото издание на музичкото талент-шоу „Пат до ѕвездите“.
На големата сцена ќе се претстават неколкумина кандидати кои ќе мора да ги задоволат критериумите на стручната жири-комисија составена од познатиот музичар и актуелен уметнички директор на „Макфест“, Роберт Саздов и познатата фолк-пејачка Стојне Николова.
Стојне и Роберт се постојана жири-комисија, а секоја емисија има по уште еден гостин – изненадување за кандидатите. Овојпат тоа е младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска, која одлично се снајде во новата улога. На моменти беше неизвесно, стресно, честопати се случуваше жири-комисијата да имаше различно мислење за кандидатите, па од време на време знаеше и да летне по некоја „искра помеѓу нив.
Сепак, на крајот дел од учесниците обезбедија пласман во следниот круг, додека пак дел добија уште само една шанса во бараж-изданието.
Не го пропуштајте најновото издание на „Пат до ѕвездите“ вечерва со почеток во 20:30 часот:
View this post on Instagram
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.