Теа Таировиќ освен со својата музика, големо внимание привлекува и со својот атрактивен изглед.

Но не секогаш изгледала како сега. Порано тврдела дека е противник на естетски корекции.

Искрено се плашам малку од тие работи, лекари и било какви зафати – говорела своевремено, а на прашањето дали би се подложила на некоја пластична операција одговорила: Прво би размислила дали мене тоа ми е потребно и би се преиспитала дали вака природна си се допаѓам себеси. Велам дека луѓето обично тоа го прават кога немаат доволно самодоверба. Кога некој има самодоверба, силиконите не му се потребни.

Иако до сега јавно не открила што се има правено на себе, евидентно е дека ги зголемила градите и има неколку корекции на лицето, вклучувајќи полни усни, заби и нос.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.