Татјана Лазаревска и Новица Василевски како во добрите стари времиња и собраа колегите, пријателите, најблиските и новинарите на промоција на две нови песни.

Како што ветија така и направија, Тања и Новица ја исполнија мисијата во престојот во татковината, и на публиката им подарија две нови нумери, кои и тоа како ќе допрат до публиката. Песната „Љубов ни е име“ сите имаа можност да ја слушнат на последното издание на „Охрид фест“, каде ја добија наградата од новинарите, а ја отпејаа во дует, кој претставува нивен втор заеднички проект.

Втората песна е насловена „Жена хероина“, поп фолк балада, која ја изведува Тања, во која нема жена која нема да се пронајде.

Кога ја добив песната на прва се воодушевив, се расплакав. Песната е моќна, со многу моќна порака и сигурна сум дека во неа нема жена која нема да се пронајде, рече Тања.

Втората песна е „Љубов ни е име“, и е песна која е завршена во Австралија и стоела во фиока, го чекала моментот.

Песната е оцртување на нашата љубов, нашата врска, нашиот брак, рече Новица.

Песната е турбо, а за нас кај што има музика, таму се игра. Ние си заминуваме следната недела и се надеваме дека наскоро повторно ќе се видиме заедно во нашата мила татковина, и ќе се дружиме сите заедно и ќе ја промовираме нашата фолк музика секаде каде ќе одиме, Америка, Канада, Австралија и ќе бидеме добри амбасадори на нашата музика, рече Тања.

Спотовите се снимени на неколку локации во Охрид во „ИН ТВ“ Продукција. Автори на „Жена хероина се Борче Димитров, кој ја направи музиката, текстот е на Орце Зафировски, а снимена е во студиото на Горан Милошевски, кој го направи аранжманот. Автори на „Љубов ни е име“ се на Сејхан Мемедов Секо, кој ја направи музиката, Горан Тодоровски, го направи текстот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.