Музичарите од оркестарот „Киев-Класик“, кои останале во главниот град на Украина и по руската инвазија, се собрале во центарот на Киев за да одржат концерт на отворено, предводен од диригентот Херман Макаренко.

Концертот беше пренесуван во живо на украинските ТВ канали и ја носеше пораката „Слободно небо“. Ова е нивната поддршка на повикот на украинскиот претседател Володимир Зеленски до западните земји да го заштитат украинското небо од руска агресија.

Музичарите ја свиреа химната на Европа, „Ода на радоста“, украинската химна како и многу други дела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.