Славеничкиот концерт на легендата на народната музика, Мирослав Илиќ, со кој одбележува 50 години кариера ќе се одржи на 18-ти март во „Арена Борис Трајковски“.

Бардот на српската народна музика, во далечната 1972 година ја започна својата блескава кариера, која од самиот старт почна да оди во нагорна линија. Години подоцна, Мирослав Илиќ зад себе има многу евергрини како што се: “Nije život jedna zena”, “Još te nešto čini izuzetnom”, “Vino točim a vino ne pijem”, “Ova noć”, “Jesen sedamdeset i neke”, “Lažu da vreme leči sve“, “Polomiću čaše od kristala”, ”Luckasta si ti”, “Božanstvena ženo”, “Voleo sam devojku iz grada”, “Pozdravi je pozdravi” и многу други.

Мирослав Илиќ има таква кариера што нема никаква потреба ништо дополнително да се објаснува, освен да се каже дека сме неверојатно среќни што во неговото сѐ поретко одење на турнеи влегува и Скопје, и тоа со ваков голем концерт, велат од „Balkan Media Production“.

Картите ќе бидат пуштени во продажба од 25.01.2023 (среда) и истите може да ги најдете преку продажната мрежа на www.kupikarta.com Југотон и Розе Веро 2.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.