Успешната соработка на „ПГП РТС“, „ЗКП РТВ Словенија“  и Задужбината Милан Младеновиќ донесе одлични вести за сите што ја сакаат музиката на култниот бенд „Екатерина Велика“ .

На дигиталните сервиси ќе бидат достапни албумите на белградската група – „Љубав“, „Пар година за нас“, „Дум дум“ и „Неко нас посматра“, кои се ремастеризирани директно од оригиналните студиски ленти.

Кој е поводот за оваа убава вест открива директорот „ПГП РТС“, Владимир Граиќ.

Сите осум студиски албуми на „ЕКВ“ повторно ќе бидат објавени следната година, кога се одбележуваат четири децении од излегувањето на нејзиниот дебитантски албум „Катарина II“.

„Бидејќи следната година се 40 години од објавувањето на албумот „Катарина II“, решивме да го одбележиме тоа на посебен начин, со ексклузивен бокс сет. Тој ќе ги содржи сите осум студиски албуми, плус едно концертно издание“, изјави директорот на „ПГП РТС“, Владимир Граиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.