Основачот на фестивалите „Си Денс“ (Sea Dance) во Будва и на „Егзит“ во Нови Сад, Душан Ковачевиќ, преку својот Инстаграм профил ја покани премиерката на Финска, Сана Марин, да дојде на овогодинешното издание на фестивалот.
Во својата покана до финската премиерка, Ковачевиќ изјави дека би сакал таа да го посети не само „Си Денс“, туку и фестивалот „Егзит“ следниот јули, нагласувајќи дека нејзината енергија и позитивен став се добредојдени на сите фестивали на „Егзит“.
Ковачевиќ порача дека, секако, викендот на „Си Денс“ е дефинитивно потопол од викенд во Хелсинки.
Во последните денови финската јавност беше поделена во одобрувањето и осудата на објавените видеа на кои се гледа како финската премиерка се забавува и танцува со група пријатели и познати личности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.