На 25 август (петок) на повеќенаменското игралиште во градскиот парк во Пробиштип ќе се одржи деветтото издание на „Рудар Рок Фест“.

Организаторите посочуваат дека и оваа година се обиделе да ги заживеат основните карактеристики на овој рок настан од претходните години, односно хард рок музиката и промовирањето на нови бендови од македонската рок сцена.

Па така посетителите ќе имаат можност да уживаат во хард рок, панк и метал звуци на нашите изведувачи. На ‘Рудар Рок Фест’ 2023 година ќе настапат младиот хард рок бенд ‘Преку ред’, кои скоро го издадоа својот прв албум Хаос. Понатаму, прогресив-рок бендот Беседа, победници на последното издание на ‘Лузер фест’. Нашите ‘Прв ред’, во нивниот препознатлив панк-рок стил. По примерот на ланската година и за 2023 повикавме кавер бенд ќAshbornќ кој ќе отсвири големи хитови од историјата на рок музиката. За љубителите на тешките метал звуци за оваа година ги имаме амбициозните Мамут. И за крај се одлучивме да имаме едно истакнато име од македонската рок сцена од осамостојувањето а тоа се алтернативниот рок бенд ‘Ласт експедишн’.
Поздрав со рударското среќно“, велат организаторите.

Фестивалот се организира во рамките на културните денови по повод 28 август – Денот на рударите и големиот христијански празник – Пресвета Богородица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.