Поп-ѕвездата Ријана повторно заблеска на сцената по петгодишна пауза, настапувајќи на полувремето на „Супербоул“, најгледаниот спортски настан во САД.
Пејачката по настапот потврди дека е бремена по втор пат, а за време на настапот неколку пати го допираше стомакот.
Ријана пееше и танцуваше на пловечка платформа, која полека се спушта кон тревникот каде „Канзас Сити чифс“ и „Филаделфија иглс“ се бореа за титулата најдобар НФЛ тим оваа сезона.
Таа беше облечена во црвен падобрански костум, а во настапот кој траеше околу 15 минути изведе делови од нејзините најголеми хитови во придружба на десетици танчери во бели тренерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.