Легендарниот српски бенд „Рибља чорба“ го откажа настапот во Ниш на плоштадот Крал Милан, поради болеста на фронтменот Бора Ѓорѓевиќ, дознава српски „Курир“, на голема жалост на многубројните обожаватели кои долго се подготвуваа за ваков спектакл.
Во извинувањето на оваа жива легенда на рокенролот, се наведува дека лекарот строго му забранил секаков напор, бидејќи боледува од тешко воспаление на белите дробови, така што настапот ќе му ја влоши здравствената состојба.
Претставниците на бендот на социјалните мрежи објавија дека лекарите му забраниле на Ѓорѓевиќ да патува и да се напрега поради тешкиот грип и проблемите со хроничната опструктивна болест на белите дробови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.