Утре, 9 декември 2023 година, во кафе-книжарницата Буква, со почеток од 20:30 часот ќе биде промовиран спотот за песната  „Темна Гора” од бендот „Авелина“.

Авелина го објавува долго очекуваниот спот за песната “Темна Гора” кој го подготвуваат веќе една година, спотот е најава за Албумот “Воинот на Големата Мајка”.

Во продолжение ќе има “Аntique Night” каде што ќе слушаме музика од артисти како “ Daemonia Nymphe, Dead can dance, Azam Ali и слично.

Бендот „Авелина“ се стреми да создаде уникатен звук кој ја спојува традиционалната народна музика со елементи на ритуалот и окултното. Авелина започна како соло проект создаден од С.Александровска (пејачка/текстописец) и по некое време пламенот што се разгоре донесе уште четири луѓе во проектот, па се роди бендот. По објавениот сингл „Извор“ излезе албумот „Од екот на предокот“. Со „Извор“ бендот доби признание од македонската андерграунд сцена и го имаше првиот концерт во „МКЦ“. Како што почнаа да настапуваат на локални фестивали и собири, бендот брзо се здоби со посветени следбеници, делумно благодарение на нивните волшебни изведби во живо, кои често прикажуваа елаборирани костими и ритуални движења.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.