Раперот Кирнан Форбс, попознат како АКА, бил убиен заедно со еден другар во Дурбан, Јужна Африка. Дуото во тој момент тргнало кон нивниот автомобил.

Пред околу две недели го прослави својот 35-ти роденден и зад себе го остави синот Каир. Неколку часа пред смртта тој на Твитер напиша за својот нов албум кој треба да излезе до крајот на овој месец.

Со голема тага ве известуваме за смртта на нашиот син. Почина трагично на 10 февруари 2023 година. Се надеваме дека полицијата наскоро ќе ни даде повеќе детали. Беше син, брат, внук, братучед, пријател и што е најважно татко. За многумина ќе остане познатиот АКА. Тој сакаше и беше сакан. Ја бараме вашата приватност во овие тешки моменти. Ви благодариме за зборовите на поддршка. Тони и Лин Форбс“, соопштиле неговите родители преку неговите профили на социјалните мрежи.

АКА ја започна својата кариера како член на групата „Entity“.

Добитник е на бројни награди, неколку пати беше номиниран за BET (Black Entertainment Television Award) и еднаш за „MTV Europe Music Award“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.