Српската дива, Јелена Карлеуша заглави во поплави кои ја зафатија Србија и Белград.
На социјалните мрежи објави и видеа, на кои се гледа како ја извлегуваат од вода, која буквално ги поплави автомобилите, меѓу кои е и нејзиниот џип.
Ова е најлош ден во мојот живот. Јас буквално не можам да го запалам (вклучам) џипот, објави Карлеуша.
Инаку пејачката вчера во текот на денот објави дека се разведува од фудбалерот Душко Тошиќ кој повеќе не се гледал како дел од нивното семејство.
Таа во соопштението додаде дека преживеала се, па ќе го преживее и ова и порача да „удрат“ новинарите по неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.