Пејачката, клавијатуристка и композиторка на „Флитвуд Мек“, Кристин Мекви, која ги напиша некои од најпознатите песни на групата, почина на 79 години. Нејзиното семејство објави дека починала мирно во болница.

Британската музичарка беше заслужна за хитовите како „Little Lies“, „Everywhere“, „Don’t Stop“, „Say You Love Me“ и „Songbird“.

Родена како Кристин Перфект, таа ѝ се придружи на групата во 1971 откако се омажи за нејзиниот басист Џон Мекви. Дел од „Флитвуд Мек“ беше до 1998, па се врати во 2014.

И покрај својата турбулентна историја, „Флитвуд Мек“ беше една од најуспешните рок групи во 1970-ите и 1980-ите, а Мекви сними 12 студиски албуми со неа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.