Објавена е уште една песна од проектот на „Скендеровски продукција“ – „Македонијо во срце те носиме“, во чии рамки се препеани 12 македонски патриотски песни. Овојпат тоа е видеото за „Ми заплакало селото Ваташа“, во аранжман на Николче Мицевски, а во изведба на Андријана Јаневска и Игор Џамбазов.

Плачевме додека ја слушавме, плачевме и додека го монтиравме видеово, на една од многуте судбини на овој народ, вели Бојана Скендеровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.