Овој петок на Балкан Мјузик ТВ и „Алфа ТВ започнува со емитување втората сезона од македонското музичко талент-шоу „Пат до Ѕвездите“, каде и овојпат ќе биде избрана новата македонска музичка ѕвезда.
Минтатата сезона гледавме интересно шоу, со 25 учесници, и интересно финале кое на ТВ екраните го следеа дури 300.000 гледачи. Продукцијата „Арт Студио“ на еден од победниците, Бранко Смоквоски од Прилеп, кој го освои третото место, го награди со песна и видеозапис. За кратко следува песна и видео запис за Кристијан Демјански, кој пак го освои првото место.
Во новата сезона на „Пат до Ѕвездите“ се пријавија над педесетина кандидати, но само дваесет и пет од нив ќе имаат можност да се натпреваруваат и да бидат во трка да станат новата македонска музичка ѕвезда.
Оваа година критериумите се навистина построги, а кандидатите ќе ги оценува стручна жири-комисија составена од Уметничкиот директор на „Макфест“ и истакнат композитор – Роберт Саздов од групата „Куку Леле“, како и една од нашите најпопуларни фолк-пејачки, Стојне Николова.
Покрај нив двајца, во секоја емисија ќе има и трет член на жирикомисијата кој ќе биде изненадување за кандитатите и кој ќе биде постојано променлив.
Забавата и натпреварувањето само што започна. Бидете пред малите тв-екрани во петок во 20:30 часот на „Балкан Мјузик ТВ“ или „Алфа ТВ“, а организаторите ветуваат едно одлично и возбудливо издание.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.