Распродаден е и вториот контингент од билетите за настапот на Ману Чао на фестивалот Таксират, информираа од „Пасворд продукција“.
Организаторите на фестивалот информираат дека во продажба се останати само уште 300 влезници, коишто се продаваат по цена од 900 денари.
Ману Чао на Таксират ќе се претстави со акустичен концерт, што ќе се одржи на 26 септември со почеток во 20:00 часот во Младинскиот Културен Центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.