Мадона (65) ја започна својата дванаесетта турнеја наречена „The Celebration“, со која има 78 закажани концерти низ светот. Таа ги одржа своите први концерти во лондонската О2 Арена, а фановите веќе го изразија своето незадоволство.

Opening Night of Madonna: The Celebration Tour, in London

Публиката се налути откако Мадона ги скрати првите два концерта во Лондон. Пејачката го заврши својот настап во преполната арена во 23 часот, а со тоа ги „лиши“ фановите од четири песни кои требаше да бидат испеани.

По песната „Rain“, требаше да следат хитовите „Like A Virgin“, „Bitch I’m Madonna“, „Holiday“ и „Celebration“, но публиката не ги слушна. Огорчените фанови на Х го изразија своето незадоволство од однесувањето на Мадона, открија и како пејачката доцни на концертот кој требаше да започне во 21 часот.

– Извини Мадона, ти си кралица на попот и јас те сакам, но луѓето платија преку 1000 долари за да те видат, не може вака да завршиш. Само почни на време, твоите фанови го заслужуваат целото шоу – напиша еден од обожавателите.

Се претпоставува дека пејачката го прекинала концертот поради правилото според кое концертите што се одржуваат во недела мора да завршат до 22:30 часот, додека оние што се одржуваат од понеделник до недела може да траат половина час подолго.

– Мадона, дојди на време на сцената, особено во Лондон каде што има полициски час. Не можете да бараш 1000 долари за билети и да изведеш дел од шоуто – изјавил еден од корисниците на Х.

Но за публиката потегот на Мадона беше неоправдан, па и рекоа да ги прекрши правилата и да плати казна.

– Сите знаеме дека сакаш да ги кршиш правилата, па ако го надминеш рокот, прекрши ги правилата и плати ја казната – напиша еден од фановите.

Сепак, и покрај доцнењето и предвременото завршување на концертот, фановите велат дека уживале во концертот на кралицата на попот, која е во седмата деценија од животот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.