Во недела во 20 часот на телевизија „Балкан мјузик Тв“ и во 18:10 на „Алфа ТВ“ ќе се емитува третото издание од талент-шоуто „Пат до ѕвездите“, кое е во продукција на „Арт студио“.
И во оваа емисија ќе се избере најдобриот кандидат, кој понатаму ќе продолжи да се натпреварува.

Натпреварувачите во оваа емисија ќе бидат оценувани од стручна жири-комисија која е составена од еминетните музички имиња како што се: Сашко Велков, Елена Велевска и Борче Нечовски.

Не очекува уште едно возбудливо издание на „Пат до ѕвездите“, во кое ќе може да видите интересни животни стории на натрпеварувачите, искрени емоции, мали недоразбирања помеѓу жири-комисијата и се разбира прекрасна музика …

„Пат до ѕвездите“ е ново талент шоу во Македонија во кое секој што има желба и талент за пеење и има над 16 години може да се пријави на е-маил patdozvezdite@hotmail.com со аматерска снимка каде пее песна по свој избор и се претставува себе си.

Во секоја емисија се натпреваруваат по тројца натпреварувачи.

Интересно е што секоја емисија има различно жири кои се компетенти да критикуваат, даваат совети, пофалби и да го изберат оној кој ќе продолжи понатаму.

 

Сите оние кои не поминале дирекно во финале ќе имаат можност уште еднаш да се натпреваруваат во специјални две епизоди пред, полуфиналните епизоди.

Не пропуштајте го третото издание на шоуто и оваа Недела со своја премира на Балкан Мјузик ТВ и Алфа ТВ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.