После успешните концерти во Битола и Велес, вечерва (21 март) со почеток во 20 часот, во големата сала на Македонската Филхармонија, Никола Мицевски ќе одржи концертот под наслов „New Era”.

На сцената ќе настапам со педесетина мои колеги музичари и хор и заедно ќе го изведуваме мојот нов албум со инструментална музика, вели Мицевски.

Никола Мицевски, извонредниот музичар, композитор, аранжер…човек кој моќно стои позади клавијатурата за најпознатите македонски музички ѕвезди, на нивните концерти и е дел од музичките записи на легендарните нивни песни, на 9 декември, на сцената од Големата сала на Центарот за култура, заедно со 15 врвни музичари, а негови соработници го промовираше албумот „New Era“.

Идеите на Никола, за мешавина на балканските традиционални народни ритми и мелодиите со Западот, преточени преку модерните музички стилови на џез, фанк и музика од светот како посебен жанр, ќе имате шанса да ги слушате во живо на големата концертна сцена, преку една бројна и моќна музичка формација на неговите избраници.

Авторската музика на Никола Мицевски претставува еден сосем автентичен и нов пристап на фузија на жанрови. Со неговиот пристап кон македонската современа музика, која може слободно да парира на светските изданија од крајот на 20 и почетокот на новиот милениум, само потврдува дека е една поврзувачка карика на македонскиот со светскиот звук, токму заради таа фузија и внесување на новини во користењето на македонските и балканските мотиви на непосреден и искрен начин, надвор од клишеата кои се калемеле музички на овие простори.

Eдно одлично музичко и визуелно патување кое ги поместува стандардите и границите на македонската инструментална музика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.