Националниот Џез Оркестар вечерва најавува незаборавна вечер. Подгответе се за уникатно музичко доживување кое ќе ги спои најдобрите рок хитови со магијата на џезот.

На 30-ти ноември, во 20:00 часот, во салата на Македонската филхармонија, ќе се одржи концертот “Golden Rock Swings”.

Нашиот оркестар, ќе ви ги претстави легендарните рок песни во сосема ново светло, преку виртуозни џез аранжмани. Оваа вечер ќе биде исполнета со енергија, страст и музичка мајсторија која ќе ве остави без здив.

Ексклузивни гости на концертот ќе бидат:
– Бранислав Николов од Фолтин
– Фантастичниот џез вокал Џон Илија Апелгреен
– Неверојатната Светлана Јовановска.

Не пропуштајте ја оваа можност да бидете дел од музичкиот спектакл кој ќе ги обедини љубителите на рокот и џезот. Дојдете и уживајте во звуците на “Golden Rock Swings” и дозволете музиката да ве понесе на едно незаборавно патување, велат организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.