Во организација на Здружението за култура и уметност „Артистико“ – Скопје, од денеска до 9-ти април ќе се одржи Меѓународен фестивал за кларинети „Кларифест“ – Скопје 2023. Отворањето на фестивалот е вечерва во КИЦ, со концерт на ученици и студенти од музичките училишта и факултети во државата.

Фестивалот меѓудругото ќе се состои од семинари и концерти за кларинет, а гости ќе бидат професори и интернационални солисти на кларинет, Натали Лефевр од Белгија, професор на Кралскиот конзерваториум за музика во Брисел и Јакуб Бокун од Полска, професор на Музичката академија во Вроцлав.

-Ќе следуваат дводневни семинари за кларинет, а за свечено затворање на фестивалот ќе проследиме камерен концерт на кој ќе настапат солистите на кларинет Натали Лефевр од Белгија и Јакуб Бокун од Полска, во пијано придружба на Бертранд Жиро од Франција и македонската пијанистка Елена Атанасовска-Ивановска, велат организаторите.

Завршниот концерт ќе се одржи во недела на 9-ти април, исто така во КИЦ-Скопје.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура, а партнери и поддржувачи се амбасадите на Кралството Белгија и на Република Полска, Јамаха музички инструменти и нивниот застапник за нашата држава – До Ре Ми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.