Триесет и седмото издание на фестивалот за забавни мелодии „Макфест“ ќе се одржи овој петок и сабота, но овој пат целосно финансиран од Општина Штип. Од општинскиот буџет се обезбедени 5 милиони денари, а уште еден милион од бизнис секторот.

Локалната самоуправа реши во свој раце да ја превземе цела организација, откако од Министерството за култура добија неполни 400.000 денари, кои градоначалникот Иван Јорданов ги одби.

Самото тоа што е единствен по својот карактер и на него имаат настапувано безброј познати балкански музички имиња, ни дава обврска да најдеме, да обезбедиме средства, да скратиме на непродуктивните трошоци коишто ги имаме во буџетот на општината и државата. Повторно ќе кажам, на сè може да кратиме, но не смееме на образование, култура и инфраструктурни проекти, изјави Јорданов на прес-конференцијата.

Од Министерството за култура тогаш се правдаа, дека ваквата одлука е донесена бидејќи фестивалот е рангиран во трета категорија. Сепак за организаторите е важно кој ги поставува критериумите за рангирањето .

Се она што промовира македонска уметност и музика не може да биде рангирано во трета категорија. А што е тогаш прва, што е втора категорија? Поготово Макфест, што преставува македонски Сан Ремо, изјави Роберт Саздов, уметнички директор на овогодинешниот „Макфест“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.