Како и самиот филм, така и песната „Полноќ“ од „Тома“ е вистински хит во Македонија. Таа не е вистинска песна од Тома Здравковиќ, туку е новокомпонирана од српскиот музичар Жељко Јоксимовиќ, кој ја напишал со помош на легендарниот Предраг Живковиќ Тозовац, кој навистина пишуваше и за Силвана Арменулиќ во минатото. Желбата на тимот беше песната да биде „народна, од тоа време“, т.е. да звучи што поавтентично и пред се да ја покаже блискоста меѓу Силвана и Тома, иако во вистинскиот живот тие никогаш не биле заедно, ниту пак снимиле песна.

Понесени од емоциите и на песната и на филмот, дел од македонските пејачки ја препеаја „Полноќ“. Eве како звучат Антониа Гиговска и Лина Пејовска:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lina (@pejovskalina)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.