„Македонската радио телевизија“ објави повик за аудиција на вокален интерпретатор кој ќе нѐ претставува на Детската Евровизија што во ноември ќе се одржи во Мадрид, Шпанија.

– Пријавените кандидати треба да се на возраст помеѓу девет и 14 години на денот на финалната манифестација, 16 ноември, пишува во повикот.

Најавено е аудицијата да се одржи на 19 јуни, а пријавувањето е отворено заклучно со 17 јуни. Сите кандидати треба да се државјани на Република Македонија или да имаат регулиран престој во државава.

Нашата држава, лани во Франција ја претставуваше Тамара Грујеска со песната „Кажи ми, кажи ми кој“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.