По се изгледа македонската публика веќе се засити од „увезената“ музика и „увзените“ пејачи од соседството. Најдобар доказ за тоа е вчерашниот настап на музичкиот бренд ДНК во Кочани, по повод големиот празник Петровден.
Вчера Кочани „пулсираше“ во ритамот на македонската музика и многубројните хитови на ДНК. Плоштадот во градот беше претесен да ги собере илијадниците луѓе, кои ги имаше од сите генрации, од најмлади до најстари…
„Што сака нека биде“, „Навлечен на тебе“, „Ако утре ме нема“, „Полна месечина“, „Горе или доле“, „Авион“ се пееја во еден глас, а енергијата која Панчо и Андреј ја пренесоа на публиката, по се изгледа кочанчани ќе ја чуствуваат уште долго…
Доста интересни коментари имаше и на социјалните мрежи после нивниот настап, а неколку од нив гласат вака: „Ма, каква Цеца, браво за ДНК“, „Браво! Конечно добра македонска група. Некој се сетил дека турбофолкот (ако може да се смета музика) не е музика за кочанчани. Сепак народот во Кочани има култура, сака библиотека, сака театар, спорт, сака квалитетна музика“…
Инаку векенд што измина, ДНК заедно со нивниот колега Лозано настапија во Гевгелија, каде одлично беа пречекани од публиката, а токму во истиот состав ќе ги видиме и на 31-јули во Охрид…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.